Вооружен грабеж во обложувалница во Ѓорче Петров

Со закани од огнено оружје, вчера рано наутро бил украден промет од обложувалница во скопско Ѓорче. 

Вчера во 09:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 08:30 часот во обложувалница на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со закана со пиштол од вработениот одзело пари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.