Грабеж утринава се случил во обложувалница на подрачјето на општина Бутел. Со закана со оружје две лица одзеле пари од вработен во обложувалницата.
Случајот го потврди Министерството за внатрешни работи од каде информираа дека пријавата е стигната во 10:20 часот.
Претходно, дел од медиумите објавија дека е извршен грабеж спроти Скопјанка во општина Аеродром и дека на терен се повеќе полициски екипи, но од МВР велат дека таков случај не е пријавен кај нив.