Вооружен грабеж синоќа во Скопје

Во 02 часот и 20 минути по полноќ во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека на улицата „Александар Урдаревски“, на бензинска пумпа од страна на две непознати лица со закана со пиштол било извршено разбојништво.

Полицијата информира дек биле одземени пари од дневниот промет.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.