Вооружен грабеж на аптека во Лисиче

Голема драма, која за среќа не се претворила во трагедија, се случила вчеравечер во скопската населба Ново Лисиче, дознава Курир.

Аптека на улицата „Февруарски поход“ е ограбена под закана со оружје.

Пред да затворат со смената, вработените биле нападнати, а потоа и ограбени.

Очевидец раскажува дека сцената била страшна. Вооружениот грабеж се случил веднаш до маалско кафуле и кладилница, објекти кои биле полни со луѓе во тој момент.

Грабежот се случил околу 22 часот по што полицијата излегла на терен.