
Општина Карпош, преку Секторот Инспекторат, во соработка со Полициската станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски контроли во Злокуќани.
Од Општината информираат дека при контролите, биле утврдени неправилности кај бесправно изградени објекти, по што се започнати соодветни инспекциски постапки.

Паралелно, бил отстранет кабаст отпад од јавните површини на улицата „Скупи“ и во внатрешноста на населбата, а повеќе лица биле опоменати поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота.
„Инспекциските служби разговараа и со жителите за актуелните комунални проблеми. Општина Карпош продолжува со редовни инспекциски контроли и засилени заеднички акции со полицијата, со цел поголем ред, чистота и почитување на законските прописи“, порачаа од Општина Карпош.