Вонредна временска прогноза: УХМР најавува студен бран во Македонија

Под влијание на многу студена воздушна маса следува период на променливо и студено време со температури кои на повеќе места ќе се задржат под нула, информира денескаУправата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре ќе дува повремено засилен северен ветер и ќе провејува снег. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Повремен слаб снег на места ќе има и в недела.

Прогнозата на УХМР покажува дека во сабота минималните температури ќе се движат во интервал од – 15 до – 5, а максималните од – 5 до 2 степена. Во недела минималните температури ќе се спушат до – 13, во  понеделеник до – 12, во вторник до – 15, а во среда до – 13 степени.  Максималните температури  во тие денови ќе бидат во интервал од – 6 до два или три степени, со исклучок на недела кога се прогнозираат 6 степени.