Вонредна временска прогноза, УХМР најавува многу дожд

Под влијание на циклонска активност со центар над јужна Италија до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Денес врнежите ќе бидат послаби и повеќе застапени во западните и северните делови, а ќе се интензивираат во втората половина на ноќва.

Во овие денови на повеќе места врнежите ќе бидат обилни и се очекува да наврнат над 40 л/м 2 . Најобилни врнежи ќе има во јужните и западните делови каде локално може да надминат 70 л/м 2 . Во јужните делови ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во четврток и петок на повисоките планини ќе има и врнежи од снег.

Во сабота ќе има слаб локален дожд, а од недела и опаѓање на температурата.

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 1 Виница, Крушево, 5 Берово, 7 Гевгелија, 14 Струмица, 27 Дојран.

Времето денес (14.11 2017 год.): Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени. Во Скопје температурата до 15 °C.