Вонредна временска прогноза

УХМР најавува голем пресврт со времето во Македонија. Под влијание на влажна, нестабилна воздушна маса, утре попладне не очекува силно невреме. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има нестабилна облачност, пороен дожд и грмежи. 

Ќе има силно невреме проследено со силен ветер, а ќе има услови и за појава на град.

Во северните делови од земјата ќе има „потоп". Се очекува да наврнат 25 литри на метар квадратен.

Со оглед на влажната маса, ќе има и пад на температурите, со што ни следи уште еден температурен шок со оглед на тоа дека Македонија денеска е во жолта алертна фаза. Дневната температура ќе опадне за повеќе од 10 степени. Ќе се движи од 20 до 29 степени Целзиусови.

По викендот, од понеделник не очекува стабилизација на времето.