Вонредна прогноза на УХМР, еве кога се очекува снег

Снежна покривка до изутрина (во см.): 1 Маврово Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 1 Кр. Паланка, Тетово, 2 Лазарополе, Охрид, 3 Крушево, 5 Берово, 6 Пожаране, 11 Струмица.

Времето денес (30.12 2017 год.): Променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој попладне повремено ќе се засилува, особено вдолж Повардарието и источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје температура 7 степени.

Утре во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец. За време на Новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно и суво. До понеделник утрата ќе бидат студени а дневните температури во благ пораст, а во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.