Вонреден надзор на инспекциската служба на општина Аеродром (фото)

Инспекциската служба на Општина Аеродром денеска спроведува вонреден надзор на градилиштата, автосервисите и отпадите на целата територија на општината, откако вчера стапија во сила интервентни мерки против загадувањето на воздухот.

При контролата е констатирано дека на целата територија на Општина Аеродром генерално се почитуваат интервентните мерки, а вонредниот надзор ќе продолжи и во наредните денови.

Мерките беа воведени веднаш по известувањетo од Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот два дена по ред го надминува законски пропишаниот минимум, односно изнесува над 188 μg/m3 на мерните станици во Карпош, Центар и Ректорат.

Општина Аеродром ги почитува воведените мерки и денеска од работа ослободи седуммина вработени од критичните групи. Исто така, двојно е намалена употребата на службените возила. Повеќето од вработените, вклучувајќи го и градоначалникот, утринава стигнаа пеш или со велосипед до работните места.