Војник од касарната во Петровец нападнат со камења – завршил во болница

Професионален војник завршил во болница, по инцидент во касарната „Страшо Пинџур“, каде стражарел.

Тој за време на задачата забележал три лица кои дошле со патничко возило. Откако биле предупредени да се оддалечат од оградата од касарната бидејќи се работи за воен објект, лицата почнале да фрлаат со камења кон него, а потоа го напуштиле местото на настанот.

На војникот му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“ и е пуштен на домашно лекување.