Војниците ќе добијат нови униформи

Владата предоводена од СДСМ одговорно, отчетно и домаќински продолжува да ги остварува зацртаните мерки од Планот за живот што обезбедуваат повисок животен стандард за сите граѓани. 

Министерството за одбрана започна со исплата на повисоките плати, зголемени за 10 отсто, на целокупниот персонал вработен во служба на Армијата на Република Македонија, соопшти СДСМ.

Според владејачката партија, со покачувањето на платите во Армијата, прво во последните неколку години, се потврдува заложбата на Владата да води грижа за животниот стандард на вработените во АРМ.

„Дополнително, покрај зголемувањето на платите, Министерството за оваа година планира и над 300 нови вработувања во АРМ, како и набавка на нови униформи за војниците. Јасно се покажува намерата на Владата предводена од СДСМ да инвестира во подобро опремена и подобро платена армија. Преку одговорното, транспарентно и отчетно работење, Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведувањето на мерките што обезбедуваат повисоки плати, нови работни места и професионални институции што работат во интерес на сите граѓани“, се вели во соопштението.