По повод светскиот ден на водата 22 Март, ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со Град Скопје започна со реализација на проектот “НЕДЕЛА НА ВОДАТА”.

Оваа година акцентот при одбележување на светскиот ден на водата е ставен на најмладите со тоа што преку едукативните активности и креативни работилници, кои ќе се одвиваат во шест општини на територијата на градот Скопје, ќе се обидеме да ги запознаеме што всушност претставува водата како ресурс, зошто е таа битна и зошто треба рационално да се користи. По тој повод денеска во ОУ “11-ти Октомрви” започнаа активностите поврзани со одбележувае на светскиот ден на водата.

На манифестацијата присувствуваа градоначалникот на Град Скопје, г-дин Петре Шилегов, Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин Душко Весковски и градоначалникот на Општина Центар, г-дин Саша Богадановиќ.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, по отворањето на настанот во ОУ „11 октомври“, рече дека целта е преку симболичен начин со најмладите да се сподели едукативно искуство за значењето на водата. Мој императив е на граѓаните на Скопје во секое време да овозможиме здрава и квалитетна вода за пиење. Градот донесе одлука питката вода од изворот Рашче да не се користи за индустриски цели како досега. Должни сме граѓаните и 50 години од сега да имаат здрава вода за пиење. Тоа е наша должност за децата и идните генерации, истакна градоначалникот.

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје Душко Весковски, посочи дека целта е преку едукативни игри да се потенцира значењето на водата и воедно да се објасни дека Градот Скопје има перфектно чиста вода за пиење. Воедно директорот Весковски информираше дека ЈП Водовод и канализација – Скопје од 1 април па во следните два месеци почнува со акција, со која граѓаните ќе може да ги подмират своите долгови на повеќе месчни рати и без камата.