Водовод со известување: Без вода повеќе скопски улици

Од скопски Водовод информираат дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм. на улица Христијан Тодоровски Карпош 38 со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Христијан Тодоровски Карпош и Рокомија.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување на работните активности.

Исто така денеска,  дека поради изведување на водоводен прикклучок ф-250мм на ул.Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Венијамин Мачуковски, Петар Ацев и Анастас Митрев.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:40 часот до завршување со санација на дефектот.