Водовод со апел: Ако наидете на дефект со водоводната мрежа, пријавете во дежурна служба

ЈП Водовод и канализација - Скопје апелира до сите граѓани кои ќе наидат на дефект со водоводната или канализационата мрежа, истите да ги пријават во дежурна служба на 02 3073 010.

-Нашите екипи се секојдневно на терен со цел да ги санираат проблемите во најбрз можен рок, се вели во соопштението.