"Водовод" се сели во нова зграда: Сметките за вода ќе се плаќаат на 15 шалтери

Јавното претпријатие Водовод и Канализација наскоро се сели во новата управна зграда под Кале.

- Со задоволство можам да истакнам дека веќе се бројат деновите до отварање на новата управна зграда. Овој период не закочија малку ниските температури, на кои не може да се работи со предвидената динамика. На катовите ќе биде сместени службите, а во приземјето ќе бидат пунктовите за корисниците. Ќе има 15 шалтери и тоа е  тројно повеќе од сегашните, при што многу побрзо и поефикасно граѓаните ќе можат да ги завршат работите на шалтерите. Воедно оваа година ЈП Водовод и канализација – Скопје одбележува јубилеј 110 години постоење, со што убаво се совпадна и со отварањето на новата управна зграда и сопствен дом, после повеќе од столетие постоење на претпријатието, вели директорот Александар Атанасов во интервјуто за Скопјеинфо.