„Водовод“: Наплатата на фактурите да се врши по електронски пат, без провизија

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во согласност со новонастаната ситуација поради коронавирусот во земјата, како и препораките и забраните на Владата и Министерството за здравство, кои се однесуваат на спречување ширење на коронавирусот, ја известува јавноста за следните промени во работниот процес:

– наплатата на фактурите да се врши по електронски пат, без провизија. Регистрираните електронски корисници, преку својот профил, и нерегистрираните корисници, преку опцијата БРЗО ПЛАЌАЊЕ на www.vodovod-skopje.com.mk. Сите оние што имаат пристап до електронско плаќање, може да извршат уплата и за друг корисник;

– во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе работи само затворениот шалтер за наплата, со ново работно време, и тоа од понеделник до петок од 8 до 18 часот и сабота од 9 до 14 часот, со намален број вработени;

– наплатниот пункт во Сарај нема да работи. Се минимизираат теренските активности, освен во случај на дефект или во специфични ситуации.

„Водовод“ ги повикува корисниците за секоја потребна информација за услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје да се обратат на:
• 02 3073 010, дежурно-информативен центар;
• 02 3240 300, дирекција
• kontakt@vodovod-skopje.com.mk
https://vodovod-skopje.com.mk/
https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/