Водовод: Акцијата за отплата на долговите без камата е во тек, ќе трае до 2 април

ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. Акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење и започнува од 17.02.2025 година, а завршува заклучно со 02.04.2025 година.

„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на ратибез пресметана камата. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на каматане важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје, ЈП Водовод и канализација- Скопје. По истекот на овој период одлуката престанува да важи“, се вели во соопштението на Водовод.