Водно за почетници: Десет правила кои добро е да ги знаете!

Планинарењето на Водно се чини дека станува вистински хит помеѓу младите, а и повозрасните. Викендите се период од седмицата кога Водно е преполно, со спортисти, рекреативци и пешаци. Денес подготвивме една невообичаена листа на 10 правила за рекреирање на Водно или неколку работи кои им пречат на оние кои почесто се таму. 

  1. Започнете да планинирате и пешачите, а потоа инвестирајте во скапа опрема.  Патики и тренерки од 200 евра не се услов за да се качиш до врв. Условот е желбата и физичката подготвеност.
  2. Телефонот и долгите разговори се за дома.  Во природа и на Водно треба да бидеш тивок и позитивен, никого не го интересираат твоите драми и расправии во животот.
  3. Ако некој ти каже „здраво“, тоа не значи дека ти се додворува.  На планина и во спорт „здраво“ е поздрав кои го употребуваат сите спортисти и добронамерници.
  4. Тесните хеланки што светкаат и блузата со светки се идеални за во диско, но за Водно за жал не спаѓаат во спортска опрема.
  5. Ако планираш директно од диско да одиш на Водно, објави на фб или некако извести ја јавноста. Стварно е стресно кога ќе видиш девојка која со шминка, пудра и римел со мачи да стигне до средно.  
  6. Селфињата и фотките се добра работа за да се пофалиш дека си тргнала на Водно, но имај на ум дека позади има луѓе на кои им пречиш во рекреарањето. И добро фактот дека си стигнала до пола пат на Средно Водно може да се покаже со 10 фотки, а не 2530.
  7. На колата не и место на патеката на Водно. Ако сакаш да си спортист или рекративец ќе ја оставиш на паркинг и ќе пропешачиш до почетокот на патеката.
  8. Бурекот, јогуртот и баничката се добар доручек, но некако не одат во комбинација со планирање и здрав живот
  9. Опаковката од кроасан, шишето за вода, употребената палома и кондом треба да завршат во корпа за отпадоци, а не на рекреативната патека.  Одржувањето на хигената е еден од условите здраво рекреирање. И
  10. Спортувањето на Водно бара и угодна спортска облека.  Тоа понекогаш подразбира тесна хеланка или маичка.  Не зјапај како манијак по девојчињата кои се рекреарираат.  Направи муабет тоа е подобар начин на некого да кажеш дека е убав.

Заборавивме нешто на оваа листа? Дополнете ја подоле во коментар.