Водно, Матка, Скопска Црна Гора – магична природа, храна за умот и душата

Одведете го детето во природа и ќе го ослободите. Однесете возрасна личност во природа и таа ќе го најде детето во себе.

Природата е магично место. Затоа и често треба да минуваме време надвор, да се движиме, бидејќи таа е храна за умот и душата на децата и возрасните.

Чувството кое го имате кога навлегувате во природата, мирот кој ви го овозможува, убавиот мирис и свежиот воздух. Заборавате на своите грижи и проблеми, вревата од автомобилите, загадениот град.

Се чувствувате како крал во природата.

Се изгубивме себеси во сигурноста на бетонот, гласните звуци, заробени сме во брзањето.

Во природата владее посебна магија, на спокојот, на мирот кои тешко ги наоѓаме во модерното живеење.

Затоа, секогаш кога имаме можност треба да ја посетуваме шумата. Да се вратиме на своите инстинкти, нашиот однос со природата, нашите корени. Барем на неколку часа.

Не можете да си дозволите да живеете подалеку од градот, поради обврските, но можете да најдете време да минете време на природа. Водно е на само 15 минути од центарот, Матка на половина час.