Водно белите дробови на Скопје (ФОТО)

Водно за скопјани e вакцина против тоталното одродување од природата. Кон него се вперува поглед за да се процени дали утре ќе врне или пак ќе биде пекол, до каде сме со загадувањето… Водно е ангел чувар, психолог и белите дробови на Скопје.

Составивме мини-колекција од фотографии објавени на Instagram кои ја покажуваат есента на Водно.