Водните змии не се опасни, велат од Македонското еколошко друштво од каде упатија и повик

Од Македонското еколошко друштво со порака до сите да не се плашат од водните змии со кои често се среќаваме во летниот период во природа, покрај реките и езерата.

- Таму можеби ќе ги сретнете змиите наречени рибарки. Тие се средно големи, неотровни водни змии со должина на телото од 100 до 130 сантиметри. Ги населуваат водните површини, а токму поради нивната голема застапеност на островот Голем Град, тој го добил и прекарот Змиски Остров. Рибарката е мирна змија која не каса, дури и кога се држи во рака, затоа наместо да се плашите, слободно посегнете по вашиот мобилен телефон или фото апарат, и почнете со фотографирање, велат од МЕД и упатуваат апел фотографиите да ги споделите со нив. 

Исто така, сите вљубеници во природата ги повикуваат доколку имаат фотографии од желки, гуштери и останати влекачи и водоземци да ги споделат со нив, на меил адресата на Македонското еколошко друштво.