Водици во Скопје: Марјан насреќен во Ѓорче, Марио во Илинден

Традиционално со осветување на водите на езерото на хотелот Белви, што го извршија свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, жителите на Општина Илинден масовно го одбележаа големиот христијански православен празник Богојавление – Водици. 

По 4-ти пат најсреќен меѓу 60-ната верници, кој прв стигна до Богојавленскиот крст што беше положен во водите во населбата Илинден, беше 21 годишниот Марио Димитријевски.

Осветување на водите денес се одржа и во скопската населба Ѓорче Петров во близина на железниот мост помеѓу населбата Хром и Нерези. Организатор на манифестацијата беше црквата „Свети Свети Петар и Павле“. Во оваа населба денес крстот заврши во рацете на Марјан Целикоски.