Водици неработен ден

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека согласно со Законот за празниците, Богојавление (Водици), 19. јануари е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици).