Водич за секс на брзина

Денес ретко кој може да си дозволи романтични прошетки, вечера и повеќечасовно водење љубов. Имаме се повеќе обврски и се помалку време, па на поголем дел од нас ни одговара брза акција.

Почнете со бакнежи

Бакнувањето го забрзува процесот на возбудување затоа што го буди вашиот нервен систем, но и ендокриниот систем, поради што вашите хормони едноставно ќе „полудат“ и ќе предизвикаат страст.

Не губете време на целосно соблекување

Целосното соблекување не треба да биде приоритет во вакви ситуации. Дали некому би му пречел градникот или белата маица?

Менувајте ги локациите

Сексот на бзрина во постела ќе ви здодее по некое време. Тогаш акцијата можете да ја преселите во другите простории од вашиот дом, како што е бањата или кујната. Бидете креативни, затоа што менувањето на локациите ќе ја зголеми возбудата кај вас.

Вклучете ја имагинацијата

Кога сакате брзо да се возбудите од голема помош може да ви биде фантазијата. Создадете некоја фантазија во вашата глава која што дополнително ќе ја разгори вашата сексуална желба. Иако лежите во посетлата, замислете дека сте на тропска плажа. На тој начин целосно ќе се изолирате од сите препреки и ќе уживате во сексот.

Користете „валкан“ говор

За ултимативно уживање играјте со зборовите. Уфрлете малку валкана реторика во вашите секси игри и разгорете ја фантазијата кај партнерот. Кажете му колку го сакате и што се би сакале да му правите, а потоа препуштете им се на страстите.