Многу е тешко кога човек ќе изгуби љубов. Многу е тешко да се справиме со скршеното срце и треба да помине некое време додека повторно застанеме на нозе. Денес ви нудиме неколку совети кои можеби малку ќе ви ја олеснат болката:

Не ги мразете поради тоа што си заминале. И тие го бараат својот пат.

Мора да го прифатите фактот дека понекогаш вие ќе бидете фластерот врз привремена рана на нивното срце, а понекогаш ќе бидете нешто коешто засекогаш ќе остане во нивното срце. А понекогаш улогите ќе се менуваат.

Не се трудете да држите ритам кој едноставно не ви лежи.

Не дозволувајте овие искуства да ве направат рамнодушни: продолжете да сакате.

Луѓето ги користат зборовите како сидро и кога ќе ве напуштат, потсетете се дека ниту едно море не пресушило затоа што некој брод си заминал.

Искажете си ги чувствата и напишете писмо кое подоцна ќе го искинете.

Да, тие можеби поттикнале во вас работи кои не сте знаеле дека ги имате. Но, сега знаете дека ги имате тие работи во себе и вашиот живот и душа се побогати за уште едно искуство.

Правете работи што ги сакате, како танцување на ужасни поп-песни или читајќи книга.

Ослободете се од сета таа лутина, така само губите време.

Потсете се на тоа дека и пред нив сте биле сосема океј.

Простете им!