Претставници од најголемите светски брендови како TikTok, OpenAI, Klarna, и ZEOS by Zalando, заедно со уште многу други светски, регионални и домашни компании, ќе бидат дел од 7-мата регионална конференција за е-трговија „E-commerce: Untangling potential!“, што ќе се одржи на 12 ноември во Скопје. Настанот веќе трета година го задржува својот регионален карактер и привлекува учесници од повеќе од 10 држави од регионот и светот.
„Во своето најголемо и тематски најисполнето издание до сега, конференцијата за е-трговија ќе ги обедини најистакнатите домашни и меѓународни експерти во областа. Говорниците преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори ќе покажат во кои аспекти од е-трговијата е постигнат потенцијалот, и каде се уште има простор за развој за да може да се искористи во целост. Ќе бидат опфатени теми како испорака и логистика, нови можности за е-плаќање, маркетинг за е-трговија со користење на податоци и вештачка интелигенција, како и прекуграничен и меѓународен раст на бизнисите со е-трговија. Покрај тоа, конференцијата ќе биде одлично место за вмрежување и споделување искуства, поддржано од иновативниот саемски концепт, кој дополнително ги зголемува можностите за интеракција и размена на знаење“, се вели во соопштението.