Водата за пиење во Скопје е здравствено безбедна, покажуваат анализите

Водата за пиење во Скопје е здравствено безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според неделниот извештај, во периодот од 27 до 31 јули, Секторот за санитарна контрола земал 195 примероци за физичко-хемиска анализа и 195 примероци за микробиолошка анализа од вкупно 42 мерни места на територијата на Град Скопје.

Од претпријатието информираат дека, согласно добиените резултати, сите анализирани примероци ги исполнуваат барањата од Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, што значи дека водата е безбедна за консумирање.