Водата во Скопје е безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација преку соопштение информира дека од 42 мерни места во Градот Скопје во период од неколку дена се земени 116 примероци од водата за пиење се со цел да се утврди нејзинот квалитет.

„Секторот за санитарна контрола во периодот од 08.01.2025 до 10.01.2025 зема 116 примероци за физичко-хемиска и 116 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18)“, се вели во соопштението.