Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 38 мерни места во главниот град.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од први до петти месецов се земени 182 примероци за анализа.

Согласно со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18).