Водата во Маврово не е е за пиење!

Јавно претпријатие за комунални дејности „Маврово“ информира дека ќе спроведе превентивно чистење на водоводната мрежа на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови, поради што упатија апел да не се користи водата за пиење. 

Од претпријатието апелираат граѓаните во овој период да не ја користат водата за пиење, туку исклучиво како техничка вода.

По завршувањето на интервенцијата, јавноста ќе биде дополнително известена кога водата повторно ќе биде безбедна за консумирање.