Вода со цимет: нов хит за чистење на телото

Водата и циметот се одлична комбинација за детоксикација на нашето тело.

Водата со цимет е вкусна, а освен тоа и освежувачка и богата со антиоксиданси. Според нутриционистот Серена Пун, основач на Кулинарска Алхемија, додавањето на цимет во водата која ја пиете во текот на денот има многу бенефити.

Циметот е познат како состојка која помага во ослободување на токсините од нашето тело, намалување на холестеролот, а и ослободување од вишокот килограми. Тој има огромна моќ да го забрза вашиот метаболизам, но и да го заштити здравјето на вашето срце и да спречи одредени видови рак. Но, според Пун треба да бидеме внимателни, бидејќи овој зачин во големи дози може да предизвика контраиндикации. Таа препорачува една чаша со вода и цимет во текот на денот, а особено претпазливи треба да бидат луѓето кои имаат проблеми со црниот дроб и бремените жени. 

Кога да ја пиете?

Многумина посочуваат дека најдобро е да се пие водата со цимет навечер за да се поттикне намалувањето на телесната тежина, додека според ајурведата, ова треба да биде ваша утринска навика. Но, според Пун, што и да изберете е добар избор за вас.

Како да ја подготвите?

За среќа, подготовката е многу едноставна. Потребна ви е вода која ќе зоврие, а потоа во неа ќе се додаде едно стапче цимет или пак половина мала лажичка цимет во прав и ќе отстои околу 10 минути.