Со буџет од Министерството за транспорт во тек е реализација на проекти во вредност од 8 милиони евра. Ова го најави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

– Ќе градиме систем за вода за дел од населените места во Сопиште. Регионален водовод Патишка Река, инвестиција од 2,3 милиони евра, очекувам оваа година да заврши изградбата. Изградба на канализација за населеното место Сопиште и локалитетот Сончев град, инвестиција од 4,8 милиони евра. И овој проект очекуваме да биде завршен оваа година. Доизградба на канализација во населеното место Волково, општина Ѓорче Петров, инвестиција од 560 илјади евра, рок на изградба оваа година – рече Сугарески.