Во зрелите години нема повеќе заљубување

 

Во зрелите години нема заљубување. Има само тоа – некои луѓе се пријатни, а некои не. Не постои „Не можам да живеам без тебе“ затоа што си преживеал толку многу пати кога си мислел дека нема.

Нема, „не можам да учам затоа што постојано мислам на тебе“, затоа што веќе не си на училиште или факултет, туку си на работа од која ги плаќаш сметките и храната.

Нема несоница, бидејќи знаете дека каков и да е проблемот, утре е нов ден и знаете дека утрото е попаметно од вечерта. И кога нешто ќе тргне наопаку, немојте да молчите, туку кажете јасно и гласно: „Сакам ова, а ова, извинете, нема да го толерирам“.

А ако нешто не функционира, тогаш убаво кажуваш „благодарам“ и си заминуваш.