Во Зоолошката градина пристигнаа и патагониските мари

За првпат, Скопје е дом на овие јужноамерикански глодари кои потекнуваат од патагониската област во Аргентина.

-Често ги нарекуваат и патагониски зајак поради сличноста со ова животно. Тие се едни од најголемите глодари и се познати по нивниот специфичен изглед - соопштија од ЗОО.

Моментално и двете единки се во карантин, поради адаптација на новата средина.