Во Зоо Скопје се чистат езерата

Во Зоолошка градина, започна вториот дел од операцијата- Чисти езера.

Од утринава, екипи на "Улици и патишта" и "Водовод и канализација", заедно со вработените во Зоо Скопје интензивно работат на чистење на езерото кое не беше чистено повеќе од 13 години.

"Замерките на скопјани беа за езерата и навистина се во право. Чекавме да се подобрат временските услови и веднаш реагиравме. Се надевам во скоро време ќе имаме чисти езера" - изјави директорот Галетановски.