Во животот вистински се заљубуваме трипати и секое заљубување ни е потребно

 

„Љубовта е само збор сè додека не се појави некој и не ѝ даде значење.“ Велат дека вистински се заљубуваме само трипати во животот. Секое од тие заљубување ни е потребно, од различни причини.

Прво заљубување

Најчесто првиот пат се заљубуваме кога сме млади, понекогаш уште во средно училиште. Тоа е идеализирано заљубување, она кое се чини како од бајките кои ги читавме како деца. Влегуваме со уверувањето дека тоа ќе ни биде единствена љубов и некогаш замижуваме на фактот дека не е баш како што треба, затоа што веруваме дека така треба да изгледа љубовта. Тоа е од причина што во оваа љубов ни е поважно како другите нè гледаат, отколку како ние се чувствуваме. Тоа е љубов која само ИЗГЛЕДА дека е вистинска. 

Втора љубов

Втората љубов обично е нашата тешка љубов, онаа која нè учи за тоа кои сме и колку и како сакаме да бидеме сакани. Оваа љубов е љубов која многу боли, без оглед дали ќе бидеме повредени преку лаги, болка или манипулација. Мислиме дека правиме поинаков избор отколку со првата љубов, но во реалноста уште правиме избори за да научиме лекции, но и натаму се држиме за тоа. Нашата втора љубов може да стане круг кој често го повторуваме затоа што мислиме дека резултатот ќе биде поинаков, но кога и да се обидеме, завршува полошо од претходно. Понекогаш е нездрава, нема рамнотежа или нарцисоидна. Речиси е сигурно дека ќе има големи драми, а тоа е и она што нè привлекува кон неа, тој емоционален вртлог на екстремни падови и подеми. Кај оваа љубов обидот да успее врската е поважен од она што би требало. Ова е љубов која САКАМЕ да биде вистинска. 

Трета љубов

Третата љубов е онаа љубов која не ја очекуваме, онаа која најчесто делува погрешно и ги уништува сите идеали кои сме ги имале претходно за љубовта. Оваа љубов доаѓа толку тивко што се чини дека не е возможна. Тоа е вид на љубов во која врска не може да се објасни и која ни го поместува тлото под нозете, иако не сме ја планирале. Ова е љубов во која се наоѓаме со некој и едноставно си одговараме, нема идеализирани очекувања за тоа како некој треба да се однесува, ниту има притисок да бидеме некој друг. Едноставно сме прифатени такви какви што сме и тоа ни одговара. Оваа љубов не изгледа како што сме замислувале дека ќе изгледа љубовта, ниту е во склад со правилата кои сме си ги создале за врските. Таа ќе го потресе целиот наш систем на уверувања и ќе ни покаже дека љубовта не мора да биде баш таква каква што ние сме ја замислувале. Ова е љубов која тропа на нашата врата без оглед на тоа колку време ни треба да одговориме. Ова е љубов за која ЧУВСТВУВАМЕ дека е вистинска. 

Можеби нема сите да го доживееме ова

Можеби нема сите да ги доживееме баш сите љубови, но тоа е веројатно поради тоа што не сме подготвени за тоа. Можеби треба да научиме што е љубовта пред да сфатиме што е љубов. Можно е да ни треба цел живот за да ја научиме секоја посебна лекција или пак можеби, ако имаме среќа, ќе ни требаат само неколку години. Можеби не се работи за тоа дали сме некогаш подготвени за љубов, туку дали е љубовта подготвена за нас. Освен тоа, има луѓе кои еднаш се заљубуваат и тоа е за цел живот. Сите тие избледени слики од нашите дедовци и баби кои после 70 години изгледаат заљубено, тоа е тип на љубов поради која се прашуваме дали знаеме воопшто да сакаме. Оние кои веднаш дошле до третата љубов, т.е заљубување се вистински среќници. 

А ги има и оние кои се уморни од обидувања и чии скршени срца лежат пред нив и се прашуваат дали има нешто погрешно во нив. Но, не, не се работи за тоа, се работи за тоа дали партнерот ги сака на ист начин како и тие партнерот. Само поради тоа што нешто не успеало претходно, не значи дека нема да успее наредниот пат. Сè се сведува на тоа дали сме ограничени од начинот на кој сакаме или сакаме без граници. Сите можеме да се останеме со првата љубов која добро изгледа и која ќе направи сите околу вас да бидат среќни. Можеме да останеме и со втората љубов со уверувањето дека ако не мора да се бориме – не е вредна или можеме да веруваме во третата љубов. Онаа врска во која се чувствуваме „како дома“ без никакво рационализирање. Постои нешто чудесно кај нашата трета љубов. Онаа која не ја очекуваме, онаа која трае. Онаа која ни покажува зошто нешто претходно не успевало. 

Таа можност ги прави сите нови обиди достојни, затоа што вистината е дека никогаш не знаете кога ќе налетате на љубовта.

„Ти пронајде делови во мене, за кои не знаев дека постојат, а во тебе ја најдов љубовта за која не верував дека е возможна.“ – Непознат автор