Во живо: Почна чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Македонска државна делегација ќе положи цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев по повод 151 година од неговото раѓање.

Најпрво собраниска делегација ќе положи цвеќе на гробот во црквата „Св. Спас“, по што следуваат претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министрите.