ВО ЖИВО: Голем број возила на Брза помош, се евакуираат патници

Патнички автобус со 50-тина патници излетал и се превртел од кај село Ласкарци на излезот од Скопје, движејќи се по новиот пат кон село Бојане, потврдија од Здравствен дом Скопје.

фото: Курир

На местото на сообраќајната несреќа испратени се 11 амбулантни возила, од Скопје, Куманово и Тетово. Има повредени патници и дел од нив веќе се пренесени во болница.

Од МВР сè уште чекаат поконкретни информации.

Тв Коха објави видео во живо од несреќата на автопатот Скопје-Тетово каде се преврте автобус полн патници.

Се слушаат сирени и врие од полиција, Брза помош и народ.