Во земјава сомнежи за два смртни случаи по примени „фајзер“ и „астра зенека“

Во земјава заклучно до 31 октомври се пријавени сомнежи за два смртни случаи после примена вакцина против ковид-19, но тоа треба официјално да се утврди од Мониторинг центарот УПСАЛА и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), вели раководителката на секторот во Агенцијата за лекови и медиински помагала МАЛМЕД, Мерјем Хаџихамза.

Станува збор за сомнеж за пријава на смрт на 53-годишен маж лице после примена „Фајзер“, која била регистрирана во септември и 85-годишен маж после примена вакцина на „АстраЗенека“, пријавата е во април.

Податоците беа презентирани на денешната онлајн средба на новинарите со Хаџихамза и в. д директорот на МАЛМЕД Љирим Шабани, во организација на НВО Инфоцентарот.

-И двата случаи се пријавени од доктори, според законот, 24 часа после смртта. Едното лице починало после 2 недели од примањето на вакцината. Апелирам дека ова не се конечни и официјални податоци. Бидејќи, кога ќе се употреби вакцина, ако се појави реакција, не значи дека е последична реакција од вакцината. Постојат голем број параметри кои треба да се испитаат, од што боледувало лицето претходно, каков живот имало, какви лекарства примало. Се прави комплетна обработка за да се докаже дали е навистина смртта поврзана со употребата на вакцината. Едниот починат имаше голем број коморбидитети, појасни Хаџихамза.

Хаџихамза и Шабани потенцираа дека станува збор за сомнежи и неофицијални податоци, и апелираа до јавноста да не се земаат здраво за готово, бидејќи, кaко што кажаа, ефектите од вакцинацијата се далеку, далеку поголеми.