Во завршна фаза зазеленувањето на населбата Даме Груев

Речиси при крај е постапката за зазеленување на околу 3.500 метри квадратни површина долж улицата “Лука Геров” во населеното место Даме Груев, проект кој општина Ѓорче Петров го спроведува заедно со ЈП “Паркови и зеленило”.

Во текот на процесот за уредување на овој потег, посадени беа трева, нови садници и поставена инсталација со прскалки по системот на полевање капка по капка.

Во меѓувреме, инсталација со прскалки за полевање се поставуваат и кај детското игралиште и мини-парк лоцирани лево пред надвозникот кој води кон Даме Груев.