Во завршна фаза е реконструкцијата на тротоарите и уредувањето на такси-станицата на просторот кај Бит-пазар

Во завршна фаза е реконструкцијата на тротоарите и уредувањето на такси-станицата на просторот кај Бит-пазар.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје деновиве интензивно работат на уредувањето на овој простор и наскоро ќе се постават столпчињата
и жардиниерите, ќе се засадат дрворедите и ќе се реконструираат и осветлат пасажите од булеварот кон чаршијата.

Со уредувањето на овој простор, ќе се реши долгодишниот проблем со хаосот на овој потег кај Бит-пазар и ќе се овозможи нормалното одвивање на сообраќајот за сите учесници – пешаците, велосипедистите и возачите.