Во завршна фаза е реконструкцијата на крак од улицата „Христо Батанџиев“ во Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информира дека во завршна фаза е реконструкцијата на крак од улицата „Христо Батанџиев“ во урбаниот дел на Ѓорче Петров во должина од 70 метри.

- Улицата е уредена со бехатон-плочки со што конечно го решивме деценискиот проблем со движење и сообраќање по овој крак, но и испуст на атмосферските води, објави Стојкоски на Фејсбук.

Стојкоски најави дека ќе продолжат со реализација на инфраструктурни чекори кои ќе го подобрат секојдневието на жителите на Ѓорче Петров.