Во затворот во Штип пронајдени мобилни телефони, ладно оружје, пари и дрога

Во координирана акција организирана од Управата за извршување на санкции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство денеска во затворот во КПД Штип пронајдени се мобилни телефони, ладно оружје, пари, психотропни супстанции и недозволеми материи, информираат од Министерството за правда.

Акцијата е реализирана во раните утрински часови од 6 до 9 часот.

– При претресот во затворските простории пронајдени се 11 мобилни телефони, пет ножеви, пет штрафцигери и 23 500 денари кај едно лице. Во една соба се пронајдени и кеси со прихотропни супстанции и недозволени материи, се вели во соопштението од МП.

Акцијата во КПД Штип, како што информираат, е дел од координираните акции во казнено поправните установи кои ќе следат во наредниот период.

– Секое именувано лице доколку стори кривично дело-злоупотреба на службената положба ,ќе сноси одговорност. Никоја нема да биде поштеден од одговорност.Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција на девијантните појави, се вели во соопштението од Министерството за правда.