Во затворот Идризово пронајдени 100 кесички марихуана!

Вчера во 09:40 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во 07:30 часот при извршен претрес во установата биле пронајдени и одземени 100 кесички со марихуана.

Во полицискиот билтен се наведува дека дрогата била подигната од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходниот ден во затворот исто така биле пронајдени и одземени 92 кесички со прашкаста материја и дигитална вага.