Во затвор почина затвореник, осуден на доживотна казна

Во затворска ќелија доцна синоќа починал Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските „Алфи“ кај ПМФ.

Од МВР потврдуваат дека кај нив е пријавена смрт на затвореник од КПУ „Идризово“, Ќ.Р. (52) од Куманово.

Случајот „Алфа“ произлезе откако на 26 ноември 2008 година, на паркингот на Математичко -природниот факултет во Скопје, животот го загуби албанскиот полицаец од единицата Алфа, а двајца негови македонски колеги со кои бил на патрола беа повредени. Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор.