Во време на епидемија, депонија во двор на училиште во скопски Бутел (фото)

Лешеви на умрени животни, смет, остатоци од автомобили се само дел од предметите кои може да се забележат на фотографиите направени во училишниот двор на училиштето „Живко Брајковски“ во Општина Бутел, пренесува 21ТВ.

Нови случаи на заразени со МРСА, нема информираат од Центарот за јавно здравје. Но, паниката кај родителите на дечињата што одат во градинката и во училиштето каде што се откриени заразените со бактеријата постои. Родителите бараат да им се земат брисеви на децата и да се направи дезинфекција на училиштата.

„Оваа бактерија се пренесува кожа на кожа, со директен контакт. Не се пренесува преку воздухот, нема логика да се дезинфизира. Социјалните мрежи го прават своето и родителите инсистираат. Два дена по ред доаѓаат родителите и ги носат децата, нема потреба“, изјави Александар Стојанов – Центар за Јавно здравје.