Сведок на ужасната трагедија која се случи вчера на автопатот Белград-Ниш, каде во два верижни судари во 7 часот и 20 минути загинаа 8 лица, а 32 се повредени, раскажува за хоророт.

- Поминувавме со автомобилот, имаше делови и тела секаде. Се слушаше плач и врискање на девојче од автомобил со македонски регистерски ознаки. Детето викаше по мајка си. На предното седиште беа двајца роднини и беа мртви, вели сведокот за српскиот Курир.

Лекарите едвај успеале да ја смират со седативи откако пожарникарите со часови ја ваделе.