Во во тетовско до 17 часот гласале 30.596 граѓани

Општина Јегуновце со најголема излезност од 29,60 отсто, Тетово со 23,14 отсто и најмала во Желино од 12,42 отсто, евидентирале општинските изборни комисиии во тетовскиот регион во рамки на вториот изборен круг на претседателските избори.

Во останатите општини Боговиње има излезност од 14,23 отсто, Теарце 19,97 отсто и Брвеница со 27,05 отсто. Според бројките на граѓаните кои излегле на гласање во Желино гласале 2.920 луѓе, во Јегуновце 3.016, Тетово 19.289, Боговиње 3.914, Брвеница 4.130 и Јегуновце отсто 3.016 граѓани со право на глас. Севкупно за сите шест општини правото на гласање го искористиле 30.596 граѓани. Во шестте општини на тетовскиот регион можност за гласање имаат вкупно 181.933 граѓани со право на глас на 265 избирачки места.