Во Влае водоводната мрежа со послаб притисок

Во скопската населба Влае денеска ќе има намален притисок на вода поради изведување водоводен приклучок ф-250мм на ул.„Сливовска“ бб.

ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дека намален притисок на вода ќе има до завршувањето на работите кои се почнати изутринава во 9 часот.

Поради дефект на водоводната мрежа, без вода денеска од 11 часот ќе бидат корисниците од улиците „Карл Либнехт“, „Анри Барбис“ и „Темко Попов“.